Home Актуелно Министерот Адеми заразен со коронавирус

Министерот Адеми заразен со коронавирус

Министерот за образование и наука Арбер Адеми на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирус.

„Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал тестот е позитивен!“, напиша Адеми.

Адеми апелира до граѓаните да ги почитуваат протоколите поради сопственото здравје и она на најблиските.

Вчера и министерот за економија Крешник Бектеши објави дека е позитивен на КОВИД-19.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…