Home Шоубизнис Мина и Огњен Амиџиќ го слават првиот роденден на синот

Мина и Огњен Амиџиќ го слават првиот роденден на синот

Синот на Огнен Амиџиќ го слави првиот роденден

Помладиот син на Огнен Амиџиќ наполни една година, а неговите родители не можат да ја сокријат среќата. По тој повод, гордиот татко Огнен се огласи на својот Инстаграм профил, каде што заедно со фотографија од преслаткото момченце објави емотивна порака.

– Точно пред една година во нашите животи влета овој суперхерој и ме направи најсреќниот човек на светот. Среќен прв роденден, Перуне. Те сакам – напиша гордиот татко на малиот син со сини очи.

Перун Амиџиќ се роди пред точно една година, на 9 март 2024 година во 06:45 часот – откри неговиот татко.

Мина и Огнен тогаш за својот син избраа симболично име, инспирирано од старословенскиот бог на громот и небото.

Перун внесе многу радост во нивните животи, а особено го освои срцето на својот постар брат, Матија.

Родителите ќе го одбележат овој значаен датум со приватна прослава во кругот на семејството и пријателите во чест на малиот Перун.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Торбата е убава, но патиките на Милица Павловиќ се моден императив за сезоната – совршени и за преку ден и за навечер

Патиките на Милица Павловиќ се полн погодок Фото: Иван Вучиќевиќ Популарната пејачка Милиц…