Милошоски: Срамота е да ги лажете луѓето дека ако гласаат за промена на името ќе бидат бесплатно лекувани во ЕУ!


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Врие на социјалните мрежи откако во владината пропаганда за промена на името се појави билборд кој пропагира дека ако го смениме името и влеземе во ЕУ, ќе добиеме бесплатно здравство. Се разбира, во земјите на ЕУ нема бесплатно здравство, а со своја реакција се јави и пратеникот Антонио Милошоски:

“Здравиот 100 желби. Болниот и неговите најблиски имаат само една желба.

Но, срамота е, со буџетски пари на граѓаните, Владата да го лаже народот, да се лажат болните, дека ако гласаат ЗА на референдумот за смена на името дека ќе имаат бесплатни лекување во земјите на ЕУ.

Прво, Македонија нити со сменето име нема да стане членка на ЕУ пред 2030 година, бидејќи проширувањето веќе не потреба, туку товар за ЕУ.

Второ, НЕ, за жал, нема бесплатни лекување ни во Италија, ни во Германија, ни во Грција.
Не го потценувајте народот, не ги лажете болните, со нивните оданочени пари!
#Бојкотирам”, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил.

Аналитичарот пак Виктор Трифуновски, прашува зошто во целата владина пропаганда не се кажува најважното, дека се гласа за промена на името Република Македонија во Северна Македонија?