Home Спорт Милевски: Македонија е мала држава, но со големо срце и силен менталитет

Милевски: Македонија е мала држава, но со големо срце и силен менталитет

Благоја Милевски синоќа приреди чудо со своите момци и ја победи Италија во Палермо со 0:1 со голот на Александар Трајковски во 93. Минута.

„Македонија е мала држава, но со големо срце и силен менталитет. Овие момци тоа најдобро го покажаа вечерва. Што можам да кажам после една ваква победа – задоволство е да се работи со вакви момци. Голема благодарност до сите. Благодарам и на роденденските честитки, а оваа победа е најголемиот роденденски подарок. Ме радува што Трајковски кој е тука како дома го постигна победничкиот гол“, изјави Милевски

Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија се игра на 29-ти во Порто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…