Home Спорт Милан му ја отвора излезната врата на Мусакио

Милан му ја отвора излезната врата на Мусакио

Милан може да го продаде Матео Мусакио само шест месеци после неговото доаѓање од Виљареал, пренесуваат италијанските медиуми.

27-годишниот Аргентинец минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ за сума од 18 милиони евра, но често останува на клупата, бидејќи стоперскиот тандем на „росонерите“ е Бонучи – Ромањоли.

Според „Газета дело Спорт“, Милан бара купец за Мусакио, кој не се снајде баш најдобро во италијанската лига. Притоа, „росонерите“ сакаат со парите добиени за Аргентинецот да донесат друг стопер, кој веќе има искуство во Серија А.

На радарот на Милан се наоѓаат стоперот на Наполи, Никола Максимовиќ и Армандо Ицо од Џенова, чија вредност изнесува околу 15 милиони евра.

Покрај Мусакио во зимскиот преоден рок Милан сигурно ќе го напуштат и Густаво Гомез и Палета, кои оваа сезона воопшто не добиваат шанса.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…