Мијалков од притвор денес треба на судење за „Трезор“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Бившиот прв човек на УБК Сашо Мијалков денеска треба да биде спроведен од притвор на рочиште во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Трезор”.

Ова е трет пат откако Мијалков е приведен, а во Кривичниот суд да има закажано рочиште за предметите на СЈО во кој тој е обвинет.

Поранешниот шеф на УБК е во притвор од минатата недела, а ден по неговото приведување во Кривичниот суд беше закажано рочиште за случајот „Таргет – Трврдина“ во кој тој е обвинет.

Но, Мијалков не беше спроведен на суд за овој предмет со образложение од судот дека судиите кои постапуваат немале доволно време да испратат наредба за негово спроведување до истражниот затвор во Шутка.

Поранешниот шеф на УБК не беше спровееден на суд, ниту во вторникот на рочиштето за случајот „Титаник 2“. Во оваа постапка странките претходно испратиле известување до судиите дека поради обврски се спречени да присуствуваат на рочиштето, па судењето беше одложено за 2 декември.

Денес ќе биде направен трет обид за Мијалков од притвор првпат да биде спроведен од суд на рочиште за постапките кои против него ги води СЈО.

Во случајот „Трезор“ освен на Мијалков, им се суди и на поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник министер во МВР Небојша Стајковиќ. Овој предмет се однесува на набавката на елекртронско-комуникациската опрема за потребите на Петата управа во УБК.