Мијалков доби три години затвор, Тачи три години и два месеци

Кривичниот суд во Скопје ја изрече пресудата за случајот „Титаник 2“, во кој, меѓу обвинетите, беа и Сашо Мијалков и Мендух Тачи.

Бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков доби казна од три години затвор, а три години и два месеци затвор беа пресудени за лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими е осуден на четири години и шест месеци затвор, а членовите Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев добија по три години затвор.