Место ќотек, му опнал тужба на швалерот од сопругата – му лапна 8,8 милиони долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако еден изневерен сопруг му опна тужба на швалерот од сопругата, судија во американската држава Северна Каролина , пресудувајќи според стар и малку познат закон, пресуди дека љубовникот треба да плати оштета на измамениот сопруг од 8,8 милиони долари.

Американецот Кит Кинг ја изгуби сопругата , но затоа доби 8,8 милиони долари од нејзиниот љубовник ,кого го тужел за уништување на неговиот среќен брак. Кинг се венчал со Данијел Свордс во 2010 и имаат дете . Во 2015 забележал сомнителни пораки на извесен Франциско Хизар упатени до неговата сопруга. Постепено, нејзиното неверство им го уништило бракот.

Данијел се преселила во стан, каде Кинг отишол да ја посети . Вратата му ја отворил Хазар, а Данијел тогаш снимила видео како љубовникот го дави сопругот. На судот му биле приложени докази за 16 месечното неверство , а освен тоа адвокатката се повикала и на загубата на работник во фирмата на сопругот, бидејќи Даниел работела кај сопругот.

Тој во април 2017 го тужел Хазар , повикувајќи се на домашно насилство , закон што се спроведува во само шест американски држави. Судот пресуди во корист на сопругот и одреди обештетување од 8,8 милиони долари.

Љубовникот најавил жалба и покрај тоа што судијата при изрекување на пресудата рекол дека станува збор за случај „како од учебници“.