Home Спорт Меси даде смешно објаснување: Не го пцуев судијата, туку пцуев во воздух!

Меси даде смешно објаснување: Не го пцуев судијата, туку пцуев во воздух!

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси доби четири меча суспензија поради навредите кои ги изрече кон линискиот судија, по мечот против Чиле.

Судијата тогаш не го исклучи Меси, но од телевизиските снимки се забележува како нервозниот фудбалер пцуе.

Аргентина веднаш достави жалба, а локалните медуми откриваат кој е аргументот кој Меси го навел во жалбата како официјално објаснување.

„Не го пцуев судијата, зборував „во воздух“, затоа и тој не се навреди“.

Доколку пишувањата на „Ла Насион“ се точни, тогаш навистина се работи за смешен изговор, па тешко е да се поверува дека ФИФА ќе му ја ублажи казната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…