Home Спорт Мерцедес ја освои шестата последователна титула во Формула 1

Мерцедес ја освои шестата последователна титула во Формула 1

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше денеска во трката за Големата награда на Јапонија, а со тоа му ја донесе на својот тим шестата титула кај конструкторите.

Финецот имаше одлично темпо, ривалите не можеа да го следат, па тој рутински стигна до победа на ГН на Јапонија и ја запиша шестата победа во кариерата, трета оваа сезона, а прва на патеката „Сузука“.Фетел и Хамилтон заостануваа +11.376 и +11.786.

Луис Хамилтон со 338 бода води во пласманот, пред неговиот тимски колега Ботас со 274 и Леклер со 223.

Иако битката ќе продолжи со следната трка во Мексико на 27 октомври, само Хамилтон или Ботас можат да бидат прогласени за шампиони во Формула 1, бидејќи сите други возачи се математички надвор од трката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…