Home Спорт Мендеш слета во Италија, Роналдо бара куќа во Торино

Мендеш слета во Италија, Роналдо бара куќа во Торино

Евентуалниот трансфер на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е главна тема во сите спортски медиуми, кои постојано објавуваат нови информации.

„Марка“, весник кој е близок до „кралскиот“ клуб, објави дека Кристиано бара куќа во Торино и досега контактирал неколку агенции задолжени за пронаоѓање на нов дом во Италија.

Од друга страна италијанските медиуми пишуваат дека агентот на Португалецот, Жорге Мендеш слетал утрово во Италија, каде ќе се сретне со раководството на Јувентус за да ги договорат последните детали.

„Тутоспорт“ денес објави дека клаузулата на Роналдо за италијанските клубови изнесува 100 милиони евра, која „старата дама“ е спремна да ја плати.

Притоа, главните спонзори на „бјанконерите“, Адидас и Џип се спремни да финансираат една третина од неговата плата која треба да изнесува 30 милиони евра по сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…