
Стилот на Мелина Џиновиќ повеќе не е ист
Стилот на Мелина Џиновиќ повеќе не е ист. Имено, модната креаторка зрачи со софистицираност и грациозност и секогаш привлекува внимание каде и да се појави.
Она по што се истакнува Мелина е и совршениот избор на аксесоари, кои хармонично ја надополнуваат нејзината облека и умеат да го подигнат целокупниот стајлинг на повисоко ниво.
Обично избира фустани кои совршено ѝ прилегаат на фигурата, но овојпат направи вистински моден исчекор.
По разводот, Мелина живее во Монте Карло, каде неодамна одржа и модна ревија. Токму таму беше фотографирана како влегува во автомобил, а како и секогаш беше беспрекорно стилизирана.
Носеше карго панталони во какви досега не сме ја виделе, сако, високи потпетици од брендот Кристијан Лубутен и скапоцената чанта на Шанел.
Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ хотелот го напушти сама, а потоа влезе во автомобил од марката Бентли. Пред хотелот ја дочека батлер, од кого ги презеде клучевите на луксузното возило.