Home Шоубизнис Мел Б седум години била во врска со дадилката од својата ќерка, ја присилувала на групен секс

Мел Б седум години била во врска со дадилката од својата ќерка, ја присилувала на групен секс

Бившата дадилка на  некогашната „спајсица“ Мелани Б, Лорејн Жилс, ги тужи пејачката и нејзиниот сопруг наведувајќи дека ја принудувале на групен секс во тројка и ги снимале тие жешки заеднички моменти, како и дека ја опивале за да ја наведат да прави што им е нив по ќеф.

Во тужбата се наведува дека Жилс почнала да работи за Мел Б кога имала 18 години. Била странска студентка на размена. Започнала врска со Мел б која траела седум години. Тврди дека таа и Мел имале посебна врска од онаа која Мел ја имала со сопругот. Истата ја држеле во тајност, а понекогаш Жилс ја принудувала да учествува во секс во тројка со нејзиниот сопруг. Наводно ја принудувала и на снимање на тие секс моменти.

Мел Б се обидела во документите да ја оцрни неа нарекувајќи ја „курва“ која емотивно и финансиски ги искористува луѓето, што Жилс го негирала како и наводите дека затруднела од сопругот на Мел, Белафонте, и дека била принудена да абортира. Истакна дека забременила од маж кого го запознала во бар и со кој била само една ноќ. Мел многу ја поддржала во тоа и дала пари однапред за да направи абортус и да се одмори во хотел.

Мел и Белафонте ја запознале во бар во Холивуд во 2009 година, каде првин ја прашале од каде доаѓа поради акцентот. Потоа ја повикале во нивниот дом, ја напиле и имале групен секс.

Мел тврди дека Белафонте ја вработил Жилс за да има секс со неа, а тоа Жилс го негира велејќи дека работата ја понудиле двајцата и дека Мел Б ѝ понудила помош ангажирајќи свои адвокати за да добие американска виза и да се пресели од Германија во Калифорнија.

Во текот на нејзината работа како дадилка, имала редовен секс со Мел и станале доста приврзани. Мел Б проговори за некои детали дури откако неодамна ги поднесе документите за развод од Белафонте. Жилс ја тужи и за тоа што наводно непотребно наведувала детали од нејзиниот приватен живот. Покрај тужбата се предадени и десетина фотографии од двете жени.

Приложени се и голем број мејлови, меѓу кои и оној во кој Мел Б ја остава Жилс: „Оди живеј си го својот живот и уживај, те молам остави ме на мира да живеам со своето семејство. Нема потреба да ми одговараш мене или на Стивен. Мел“.

Жилс бара обештетување за понижување, ментални проблеми, како и емотивен и физички стрес кој Мел Б ѝ го нанела со екстремното и нечуено однесување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Глеб Савченко ја обвинува поранешната сопруга дека ќерката, 15, ја терала да зема апчиња за слабеење

Танчерот од "Dancing With the Stars", Глеб Савченко, изразува загриженост за благосостојба…