Медиумите ја откриваат тајната клаузила во договорот на Роналдо со Ал-Наср


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристиано Роналдо пред неколку дена потпиша договор за фудбалскиот клуб Ал Наср од Саудиска Арабија каде ќе заработи големо богатство и ќе биде најплатен фудбалер во историјата.

Меѓутоа, во медиумите се појавија шпекулации дека Португалецот има тајна клаузула во договорот која ќе му овозможи да се врати во Премиерлигата.

Имено, неговиот договор со Ал Наср содржи интересна клаузула. Доколку Њукасл заврши меѓу четирите најдобри во англиската Премиер лига и се пласира во Лигата на шампионите, Роналдо ќе го засили премиерлигашот како позајмен играч.

И тоа не е толку чудно, бидејќи двата клуба имаат ист сопственик. Њукасл моментно е на третото место во Премиер лигата, и доколку заврши во Топ 4, тогаш ќе пристигне Роналдо на позајмица.