Мед од глуварче за збогатено здравје со еден куп витамини – не го пропуштајте оваа пролет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жолтите цветови на глуварчето, кои ги прекриваат ливадите во пролетниот период, долго се сметале за бескорисен плевел, но откриено е дека ова цвеќе содржи пакет корисни и здрави состојки кои се благотворни за нашиот организам.

Постојат девет вида на глуварчиња, а најдобро успеваат во пределите со умерена или студена клима.

Цветовите на глуварчето се богати со витамини A, Ц, Б2, Д и Г, како и со корисни минерали, како што се калиум, калциум, фосфор и железо.

Глуварчето помага при регулирање на работата на бубрезите и мочните канали, ја чисти слезината и го намалува холестеролот.

Цветовите на глуварчето се богати со протеини, поради што се користат за лечење на анемија, кожни проблеми и нарушувавања во крвта, а делотворни се и во борбата против депресијата.

Почетокот на пролетта, кога на ливадите процветуваат „море” од жолти цветови, е вистинско време за правење на мед од глуварче. Овој мед делува како благ лаксатив, помага за добро варење, го стимулира варењето и апетитот, а истовремено прави рамнотежа на природните и корисни бактерии во цревата.

Со конзумирање на мед од глуварче полесно се исфрлуваат токсините од организмот, вишокот на вода, солта и отпадните материи. Тоа придонесува и за спречување на развој на бактерии во уринарниот тракт. Медот од глуварче го поттикнува мокрењето, што влијае на намалување на зголемениот притисок.

Глуварчето е лесно достапно, а подготовката на медот од ова исклучително лековито растение е многу ефтино и практично. За подготовка на медот најдобро е да се употреби глуварче од планините и ливадите, кое не расте покрај патишта и загадени подрачја.