Home Спорт Мбапе и Реал – сторија за една голема љубов!

Мбапе и Реал – сторија за една голема љубов!

Реал Мадрид на сите начини се обидува да ја ангажира младата ѕвезда на Монако, Килијан Мбапе, а според зборовите на Французинот ова не е прв пат да биде на мета на „кралскиот“ клуб.

„Реал се обиде да ме доведе уште кога имав само 14 години“, призна Мбапе за „Канал+“ после пријателскиот меч помеѓу Франција и Англија.

Актуелниот европски шампион спреми понуда за 18-годишниот напаѓач која не може да се одбие, а медиумите тврдат дека ќе биде срушен светскиот рекорд.

Покрај Реал Мадрид силен интерес за Мбапе покажуваат уште Манчестер Сити и ПСЖ, но ваквите изјави само потврдуваат дека постои голема меѓусебна љубов помеѓу Мбапе и Реал….која трае со години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…