Маск имал Инстаграм профил под лажно име – го користел за „валкани работи“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека зборуваше за Путин, вонземјаните и Третата светска војна, технолошкиот милијардер Илон Маск откри дека има таен профил на Инстаграм.

Сосема иронично и нејасно, Маск има 102,9 милиони следбеници на Твитер додека има само 54 следбеници на неговиот личен профил на Инстаграм.

Посебно е интересно што тој призна една од своите „валкани тајни“, а тоа е дека всушност поседува профил на Инстаграм, но под лажно име, а дека го користи за таканаречената Thirst trap – стапица на жед, што е модерен сленг за содржина со сексуална конотација, т.е. видеа и фотографии, кои вклучуваат ласцивни детали со цел да привлечат внимание.

Маск исто така додаде дека го отворил профилот за да клика на различни линкови и профили, но искуството не му се допаднало.

“Се најдов себеси како правам многу селфи и се запрашав, што правам? Тогаш почнав да добивам многу лајкови”, објасни Маск.

Thirst trap, буквално преведена како „замка за жед“, значи сексуална фрустрација или очај на оној кој бара еротска содржина. Замката всушност се поставува со намерно објавување провокативна содржина која треба да предизвика реакција кај другите, заинтересирани страни. Кога едно лице реагира, тие всушност паднале во стапицата и ја признале потребата за поставувачот на содржината.