Home Актуелно Машко мртво тело во фаза на распаѓање најдено во скопски стан

Машко мртво тело во фаза на распаѓање најдено во скопски стан

Триесетина минути по полноќ во ЕИК Скопје, Т.Ч. пријавил дека на улицата Архитект Никола Добровиќ, во станот на нивниот сосед кој живеел сам, се ширела непријатна миризба. Поради тоа соседите се посомневале дека тој бил починат и повикале полиција.

Влезната врата била отворена со бравар, а на местото на настанот бил повикан и неговиот брат. Бил утврден идентитетот на лицето, и се работи за 61годишниот К.А. чие тело било во фаза на распаѓање.

По наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот било предадено на институтот за Судска Медицина за обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…