Home Спорт Марсеј се откажа од трансферот на Паје

Марсеј се откажа од трансферот на Паје

Ситуацијата околу Димитри Паје додатно се искомплицира откако Олимпик Марсеј реши да се откаже од реализација на трансферот во зимскиот преоден рок.

Трансферот на Паје е премногу компликуван и скап, тешко може да се реализира поради што челниците на Олимпик Марсеј решиле да пронајдат друго решение во средниот ред.

Димитри Паје одби да игра за Вест Хем, истакнувајќи дека поради семејни проблеми сака да се врати во татковината. Неговиот поранешен клуб Олимпик Марсеј покажа интерес, понуди сума од 20 милиони евра која лондонскиот клуб ја одби.

Сепак, според одредени медиуми, францускиот клуб бил подготвен да ја зголеми понудата на 29 милиони евра, но вчера преговорите помеѓу клубовите пропаднале.

Паје бил подготвен да заработува 30% помалку од она што го заработуваше во Вест Хем, а исто така одбил и три финансиски богати понуди од Кина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…