Home Спорт Маркизио преживеал хорор: Разбојници го држеле на нишан и го ограбиле неговиот дом!

Маркизио преживеал хорор: Разбојници го држеле на нишан и го ограбиле неговиот дом!

Бившиот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио и неговата сопруга Роберта Синополи синоќа преживеале вистински хорор.

Имено, во нивниот дом во Торино влегле четири крадци кои биле наоружани. Со закани ги натерале Маркизио и сопругата да го отворат сефот и да им ги дадат сите пари, накитот и часовнците.

Кражбата се случила во 19:30 во населбата Виново во близина на Торино.

Веднаш откако заминале разбојниците, Маркизио ја известил полицијата, па истрагата е во тек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…