Home Спорт Маркез во последниот свиок победи во Тајланд и стана светски шампион (видео)

Маркез во последниот свиок победи во Тајланд и стана светски шампион (видео)

Марк Маркез е шампион во Мото ГП, откако успеа да слави на трката за Големата награда на Тајланд.

Во фантастичната трка Маркез во последниот свиок го премина Фабио Квартараро, кој ќе почека уште некое време за своја прва победа.

Маркез на четири трки до крајот на сезоната има недостижни 110 бодови пред второпласираниот во генералниот пласман Андреа Довициозо од Дукати кој на патеката „Бурирам“ заврши како четвртопласиран.

Маркез на 15 трки досега само еднаш не ја заврши трката, а дури на девет трки победи, додека на преостанатите пет беше второпласиран.

Шпанецот стана најмлад возач во историјата, кој освои осма светска титула – во класата 125к во 2010, Мото 2 во 2012 и Мото ГП во 2013, 2014, 2016, 2017, 2018 и 2019 година.

Следната година ќе има шанса да го стигне Роси по бројот на титули, кој има вкупно девет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…