Home Спорт Маркез казнет – ја загуби пол позицијата (видео)

Маркез казнет – ја загуби пол позицијата (видео)

Светскиот шампион на Хонда, Марк Маркез ќе ја стартува неделната трка на Американското ГП од четвртото место откако му беше одредена казна за попречување на возачот на Јамаха, Маверик Вињалес на квалификациите.

Маркез блескаше во Остин но денеска сепак нема да стартува од најдобрата позиција. Од првата позиција денеска ќе стартува Вињалес, па следуваат Јаноне и Зарко.

Шпанецот веднаш беше ставен под истрага за блокирањето на Вињалес на тесната лева кривина број 15 додека возачот на Јамаха беше во „летечки“ круг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…