Home Шоубизнис Марјана се расплака за Влатко Илиевски

Марјана се расплака за Влатко Илиевски

Во премиерното издание на новата сезона на „Бекстејџ”, видно потресена и низ солзи, Марјана Станојковска зборуваше за Влатко Илиевски со кого беа блиски пријатели и соработници.

„Многу ми е тешко, кога прочитав за неговата смрт не можев да си поверувам”, рече Марјана во емисијата и се потсети на најубавите моменти поминати со Влатче, притоа додавајќи дека се слушнала со него само неколку дена пред да почине.

Инаку, Марјана и Влатко Илиевски беа првиот водителски пар на најгледаниот естраден магазин на домашен терен, а првиот дел од емисијата беше посветен на ликот и делото на Илиевски каде покрај Станојковска, зборуваше и неговата прва љубов – актерката Ана Стојановска, а беа прикажани и снимки од домот на Влатче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …