Home Спорт Маратонската машина Кипчоге победи на маратонот во Берлин

Маратонската машина Кипчоге победи на маратонот во Берлин

Олимпискиот шампион во маратонско трчање, Кениецот Елиуд Кипчоге, победи на берлинскиот маратон кој вчера се одржа во германската престолнина.

Кипчоге, по дождливото време, победи со време 2:03.32 часа, што е за 35 секунди полошо време од светскиот рекорд.

„Условите не беа идеални. Врнеше дожд. Среќа што ветерот не беше силен. Задоволен сум бидејќи го победив Адола“, рекол Кипчоге.

Геј Адола од Етиопија трката ја заврши на второто место. Тој зад Кипчоге задоцни за 14 секунди.

На маратонот во Берлин учествуваа 43.000 натпреварувачи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…