Home Спорт Марадона има совет за „кралевите“: Ослободете се од Бејл и донесете го НЕГО!

Марадона има совет за „кралевите“: Ослободете се од Бејл и донесете го НЕГО!

Еден од најдобрите и најконтроверзни фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона ја коментираше ситуацијата на Реал Мадрид.

Марадона го советуваше европскиот шампион да се ослободи од Герет Бејл и на негово место да ја донесат младата француска сензација, Килијан Мбапе.

„Му кажав на Флорентино Перез да го донесе Мбапе, но тој ми одговори дека го има Кристиано Роналдо. Тие треба да го продадат Бејл, треба да се ослободат од него. Би можел да го пушти Бејл во Милан или Интер и да го донесе Мбапе. Според мене тој ќе биде следниот број 1“, изјави Марадона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…