Манекенка си ја продаде невиноста – ќе ја „сефтоса“ политичар од Токио

Манекенка ја продаде својата невиност за нешто повеќе од 2 милиони фунти, а третата најголема понуда на наддавањето ја даде еден славен фудбалер.

Но, мажот кој ќе ја „земе“ невиноста на една од најславните и најуспешни азербејџански манекенки, 23-годишната Махбуба Мамадзада, ќе биде политичар од Токио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Love Dogs? (@mahbuba_mammadzada) on

Махбуба, позната под името Марија, изјави дека сака да ја продаде својата невиност „за да ја направи својата мајка горда“ и за двете да можат да патуваат по светот. Својата невиност ја понуди на аукција на германската ескорт страница Cindarella Escorts.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Love Dogs? (@mahbuba_mammadzada) on

Бара и спонзор

Од нејзиниот профил на оваа мрежа може да се види дека таа бара и спонзор од кој ќе добива месечен џепарлак од 26.000 фунти. На мрежната страница стои дека аукцијата е затворена и дека втората најголема понуда ја дал адвокат од Лондон, а третата фудбалер од Минхен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Love Dogs? (@mahbuba_mammadzada) on

„Одлучив да заработам на мојата невиност, бидејќи сакам мојата мајка и јас најпосле да имаме своја куќа и да можеме да го пропатуваме светот. Сакам да живеам во САД и таму да ја продолжам својата кариера. Сакам кучиња и сонувам да отворам прифатилиште за кучиња во мојата земја. Мојата мајка досега правеше сè за мене, па сега е мој ред да вратам за тоа, да може да биде горда на мене“, изјави манекенката за Mirror.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Love Dogs? (@mahbuba_mammadzada) on

Има потврда дека е невина

Махбуба има и лекарска потврда како гаранција дека е невина. Cindarella Escorts наводно ќе земе 20 отсто од заработката на манекенката од оваа аукција. Нејзиниот прв секс наводно ќе се случи во Германија, каде продажбата на секс е легална. Победникот на наддавањето мора однапред да уплати 10 отсто од вкупниот износ од понудата за да докаже дека е сериозен, како и да резервира соба во хотел.