Home Спорт Манчестер Сити го продава Рахим Стерлинг

Манчестер Сити го продава Рахим Стерлинг

Раководството на Манчестер Сити донесе изненадувачка одлука да ја продаде една од најголемите ѕвезди на тимот, Рахим Стерлинг, пренесува „Мирор“.

Според информации од неименуван извор цитиран од весникот, играчот ќе биде ставен на трансфер листа, доколку не се договори за продолжување на соработката со „граѓаните“.

Актуелниот договор на Стирлинг истекува во јуни 2020 година, според кој заработува 170,000 фунти неделно, но напаѓачот бара подобри финансиски услови. Доколку Стирлинг добие зголемување на платата, во новиот договор нема да биде вметната откупна клаузула и Манчестер Сити ќе може слободно да ја одреди неговата цена.

Стерлинг пристигна на „Етихад“ во 2015 година, а минатата сезона одигра 46 натпревари на кои постигна 23 гола и запиша 12 асистенции.

Претпоставките се дека двете страни ќе се обидат да постигнат договор во новата сезона. Но, ако не постои таков по Нова Година, тогаш од пролетта 2019 англискиот напаѓач ќе биде понуден на разни клубови и менаџери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…