Home Спорт Манчестер Јунајтед замената за Лукаку ја пронајде во Германија

Манчестер Јунајтед замената за Лукаку ја пронајде во Германија

Медиумите на Островот информираат за изненадувачка трансфер цел на Манчестер Јунајтед.

Се погласни се шпекулациите дека Ромелу Лукаку ова лето ќе го напушти „Олд Трафорд“ и ќе се пресели во Италија, а Манчестер Јунајтед неговата замена ја пронајдоа во Бундеслигата.

Станува збор за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Себастиан Алер. Французинот беше втор стрелец за клубот оваа сезона и постигна 15 гола на 23 натпревари во Бундеслигата, но беше во сенка на Лука Јовиќ, кој се пресели во Реал Мадрид.

Според „Дејли Мејл“, Манчестер Јунајтед нема да купува нов напаѓач ако не го продаде Лукаку. Меѓутоа, се погласи се шпекулациите дека Белгиецот ќе се пресели во Италија, каде го бараат Интер и Наполи.

Друга алтернатива е и Муса Дембеле кој исто така одигра одлична сезона во Лион, но неговата цена е многу повисока.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1136209797961748480

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…