Home Спорт Манчестер Јунајтед го сака „мозокот“ на Атлетико Мадрид

Манчестер Јунајтед го сака „мозокот“ на Атлетико Мадрид

Спортскиот директор на Атлетико Мадрид, Андреа Берта е главна цел на Манчестер Јунајтед за директорското место на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед има намера да назначи спортски директор кој што ќе работи во тандем со менаџерот Жозе Мурињо. Според медиумите на Островот, извршниот директор Ед Вудворд веќе има список со неколку кандидати, а токму Берта е на врвот на листата желби.

Италијанецот работи во Атлетико од 2013 година и одигра клучна улога при трансферите на Гризман, Јан Облак и враќањет на Диего Коста.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи исто така е на списокот, но тоа е скоро „невозможна мисија“.

Третиот кандидат е Пол Мичел, поранешен спортски директор на Тотенхем, кој сега работи во Лајпциг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…