Малолетник од Тетово направил профил на Фејсбук со податоци од починат човек и им пишувал на роднините


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


СВР Тетово поднесе Известување против 15годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 05.07.2017 година, А.И. од Тетово пријавил дека непознато лице-корисник креирал профил на социјалната мрежа Фејсбук и користел лични податоци од неговиот татко, кој веќе бил починат и им пишувал на роднините и пријателите. Од страна на СВР Тетово, во содејство со Телеком АД Скопје, утврден бил уредот и IP адресата на пријавениот.

При извршениот претрес во неговиот дом одземени се предмети кои се поврзани со кривичното дело .