Home Спорт Малолетник му донесе победа на Јувентус и стана хит во Европа! (видео)

Малолетник му донесе победа на Јувентус и стана хит во Европа! (видео)

Јувентус во последното коло од Серија А играше со комбиниран состав и успеа да победи на гостувањето во Болоња и тоа со голот на младиот напаѓач Мојс Кин.

Суперталентираното момче пред неколку месеци стана првиот фудбалер роден во новиот век кој дебитирал во Серија А, а синоќа му донесе победа на големиот Јувентус.

17-годишниот Кин влезе во игра како резерва и ја донесе победата на „бјанконерите“ со гол во 94-та минута. Пред тоа Тајдер ја донесе Болоња во водство во 52-та минута, а Паоло Дибала израмни во 70-та.

Интересно, Мојс Кин стана првиот фудбалер роден после 2000 година кој постигнал гол во некој од 5-те најсилни шампионати во Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…