Home Вебкафе Малиот заглави во апарат со играчки – како само успеал да се пикне таму?

Малиот заглави во апарат со играчки – како само успеал да се пикне таму?

Тригодишниот Џими Брејкен Марфи од ирското градче Типерари очајнички сакал да дофати една од крзнените играчки во апарат во еден трговски центар.

Џими самиот упспеал да се „протне“ во апаратот, а наградата за овој подвиг му било тоа што останал заробен во машината опкружен со мноштво играчки.

Иако во прв момент се исплашил, Џими набрзо бил многу задоволен затоа што можел да си одбере која играчка и да ја посака.

– Јас не бев изненаден. Тој е темпераментно, но бистро дете, кое секогаш ги поместува границите, изјави неговиот татко Џејмс.

Момчето во „аквариумот“ со играчки минало десетина минути пред да го извадат припадниицте на обезбедувањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…