Макрон освои нов претседателски мандат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот центристички претседател Емануел Макрон победи во вториот круг од претседателските избори во Франција, каде противандидат му беше крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен. Ова се прогнозите на првите излезни анкети обавени непосредно по затворањето на гласачките места, а кои покажаа дека Макрон освил нешто над 58 отсто гласови, додека лидерката на Национален фронт, Марин Ле Пен, скоро 42 отсто од гласовите, пренесува Слободна Европа.

Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен го призна поразот од Макрон, откако проекциите покажаа дека тој има одлучувачко водство.

И покрај загубата, Ле Пен во нејзиниот говор во Париз рече дека „самиот резултат претставува блескава победа“. Резултатот од денешните избори ги надминува оние од пред пет години кога таа освои 33,9% од гласовите.

„Ние сме порешителни од кога било да ги браниме Французите“, изјави таа.

„Овој резултат е сведоштво за големата недоверба на францускиот народ кон нив“, додаде, мислејќи на оние кои се на власт во Франција и во Европската унија.

Исто така најави дека ќе продолжи да се бори со Макрон за прашањата како имиграцијата, несигурноста и зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

Двајцата највисоки функционери на Европската унија му честитаа на францускиот претседател Емануел Макрон, откако проекциите покажаа дека тој освоил втор мандат.

„Можеме да сметаме на Франција уште пет години“, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Честитка, исто така преку Твитер упати и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која напиша „Среќна сум што можеме да ја продолжиме нашата одлична соработка“.

Честитки за реизборот на Макрон беа упатени и од премиерите на повеќе држави, меѓу кои и на Велика Британија, Италија и повеќе ЕУ држави.

Ако проекциите се потврдат со официјалните резултати, Макрон ќе биде рвиот француски претседател во последните 20 години кој освоил втор мандат, по Жак Ширак во 2002 година. Но, тој ќе се соочи со поделена нација и битка да го задржи своето парламентарно мнозинство на парламентарните избори во јуни.

Пред пет години, Макрон извојува убедлива победа и стана најмладиот претседател на Франција со 39 години.

Гласачките места се отворија во 8 часот, а гласањето траеше до 20 часот. Речиси 49 милиони гласачи имаа право на глас.