Home Актуелно Македонците од 20. јануари ќе можат да влезат во Бугарија со приложување на сертификат за вакцина и направен ПЦР тест

Македонците од 20. јануари ќе можат да влезат во Бугарија со приложување на сертификат за вакцина и направен ПЦР тест

Од 20 јануари, Македонците ќе можат да влезат во Бугарија под одредени услови.

По интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…