Македонските лекари кои се вратија од Мадрид немаа коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После извршените тестови, резултатите покажаа дека двајцата македонски лекари кои во саботата се вратија од конгрес во Мадрид се негативни на коронавирус.

Резултатите на двајцата лекари кои во саботата се вратиле од конгрес во Мадрид се негативни на коронавирус. По тестирањето на Клиниката за инфективни болести тие ќе останат во домашна изолација во наредните 14 дена, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека Светската здравствена организација вчера ги известила дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од коронавирус.

„Тестовите на еден кинески државјанин, кој денеска пристигнал на Скопскиот аеродром и кој иако немал симптоми аеродромските служби го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје бидејќи доаѓа од Кина, и на еден наш државјанин, студент во Италија, се негативни на коронавирус. Продолжуваме да ја информираме јавноста и апелираме до граѓаните да ги почитуваат и спроведуваат препораките на СЗО за заштита од коронавирус“, стои во соопштението од Министерството за здравство.