Home Актуелно Променливо облачно време со дождлив крај на денот

Променливо облачно време со дождлив крај на денот

Третиот мартовски ден во Македонија носи променливо облачно време со засилен ветер кој ќе дува претежно од југоисточен правец, особено во источните делови.

Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 14, Битола и Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 20, Дојран 21.

За утре прогнозата е облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни, проследени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи. Дневните температури ќе се движат од 10 до 16 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…