Home Актуелно Македонскиот сообраќај во хаос: Источна Македонија отцепена, блокирани и други правци

Македонскиот сообраќај во хаос: Источна Македонија отцепена, блокирани и други правци

Патните правци кои водат кон источниот дел од Македонија се целосно затворени за сообраќај, информираше утрово Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Автопатот од Велес до Скопје е непрооден. Патниот правец од Штипска петља до Катланово е целосно  затворен за сите видови на патнички и товарни возила. Од наплатна станица Отовица до Кула воопшто нема проодност на сообраќајот бидејќи има заглавено повеќе возила.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес се одвива по една коловозна лента.

Затворен е и магистралниот пат Штип – Кочани. Поради снежни наноси од селото Крупиште до бензиската пумпа Ваго сообраќајот е во прекин, соопшти АМСМ.

Во прекин е и сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Јажинце кај селото Јажинце поради обилни врнежи од снег.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, Буково, К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан, Катланово – Велес и обратно.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е отворен за сообраќај само за патнички возила по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…