Македонскиот борач Нуров денеска атакува на злато на Медитеранските игри во Алжир


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров обезбеди место во финалето во борење во слободен стил откако во полуфиналето го победи Египќанецот Елдерс Мустафа со 6:1.

Претходно Нуров победи против противници од Тунис, Алжир и Шпанија. Финалето во кое Нуров ќе се бори за златото е закажано за денес, а противник ќе му биде турскиот борач Фејзула Актур.

Нуров со пласманот во финалето обезбеди сигурен медал, меѓутоа денес ќе се обиде од Алжир да се врати и со злато.