Home Актуелно Македонија и Бугарија заедно ќе ги чествуваат цар Самуил, Свети Наум и Климент, Кирил и Методиј

Македонија и Бугарија заедно ќе ги чествуваат цар Самуил, Свети Наум и Климент, Кирил и Методиј

Со прифаќање на сугестиите за заедничко чествување, македонската Влада на вчерашната седница донесе одлука заедно со Бугарија да ги одбележуваат деновите посветени на цар Самуил, Свети Наум, Свети Климент и Светите Кирил и Методиј.

Сугестиите за заедничко чествување се дадени од меѓувладината Комисија меѓу Македонија и Бугарија. Двете страни се согласиле да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања.

Од Владата информираат дека двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања.. Се прифаќаат и заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Бугарија и за 6 одделение во земјава.

Владата во исто време бара заедничката мултидисциплинарна експертска комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми како Гоце Делчев и Илинденското востание и други и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…