Македонец победи борец кој изгубил само од Мекгрегор и Холовеј!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Александар Волкановски кој е роден во Австралија успеа да слави победа против еден од најдобрите УФЦ борци на сите времиња.

Волкановски после судиска одлука го победи Бразилецот, Хозе Алдо.

Одличната борба на Волкановски беше потврдена од резултатот на судиите кои гласаа во корист на Македонецот. Победата тој ја однесе со резултат 30:27, 30:27 и 30:27.

Треба да се истакне дека Волкановски сега може да се пофали дека е само третиот борец кој го победил Алдо, пред него тоа им успеа на Конор Мекгрегор и Макс Холовеј.

„Следен сум во линијата за титулата, 100%. Јас сум тој кој е нпеоразен во топ 3 во овој момент. Да ја договориме борбата“, порача самоуверено Волкановски после борбата.

Очекувањата се Волкановски да добие позитивен одговор од Холовеј со што би добил и шанса за титулата. Во моментов Холовеј е рекордер по бројот на завршени натпревари пред време, има 13 (две повеќе од Кабиб Нурмагомедов).

https://twitter.com/mmaunderthelens/status/1127419722344161281