Мајa Волк со години промовира поздрав начин на исхрана и често споделува рецепти од едноставни состојки на социјалните мрежи. Еден од нив е и необичната замена за класичниот мајонез – кремаст намаз од просо.

Мајонез од просо
За овој рецепт потребни се само неколку состојки:
100 грама просо, натопено во вода преку ноќ
1 главица кромид
3 чешниња лук
2 лажици сув или свеж власец
2 лажици маслиново масло
сок од половина лимон
1 урма
малку магдонос

Подготовка
Натопеното просо ставете го во блендер заедно со кромидот, лукот, власецот, маслиновото масло, лимоновиот сок и урмата.
Сето тоа изблендирајте го додека не добиете мазна и кремаста смеса. На крајот додадете ситно сечкан магдонос и кратко промешајте.
Според рецептот на Мајa Волк, наместо просо може да се користат и индиски ореви, а постапката на подготовка останува иста.
Овој намаз може да служи како алтернатива за класичниот мајонез со салати, сендвичи или други јадења, особено за оние кои сакаат да пробаат различни состојки и вкусови.

Просото е хранлива житарка
Просото е безглутенска житарка која често се истакнува како добар избор за разновидна и урамнотежена исхрана. Содржи сложени јаглехидрати, растителни протеини и влакна, а од минералите посебно се издвојуваат магнезиум, фосфор, манган, железо и цинк.
Кога станува збор за витамините, просото содржи пред сè витамини од групата Б, вклучувајќи ниацин (Б3), тиамин (Б1), рибофлавин (Б2), витамин Б6 и фолати (Б9). Неговиот нутритивен состав може да варира во зависност од видот и начинот на подготовка.
Кога се работи за калории, 100 грама сурово просо има приближно 370 калории, додека вареното просо има значително помалку калории по 100 грама поради водата што ја впива при варењето. Затоа е важно да се разликуваат нутритивните вредности на суровата и варената намирница.
Токму поради својата хранлива вредност и неутрален вкус, просото може да биде интересна основа за различни намази и прилози, па и за оваа необична замена за класичниот мајонез.
Извор: Story.rs