Home Вебкафе Мачка одгледува четири мачиња и четири верверичиња

Мачка одгледува четири мачиња и четири верверичиња

Во зоолошката градина на Крим е забележан несекојдневен и необичен случај на мајчински инстинкт.

Четири млади верверичиња останале без нивната мајка, па грижата за нив целосно ја презела една мачка која истовремено се грижи и за своите четири мали мачиња.

Тоа не било љубов на прв поглед, бидејќи верверичињата се плашеле од мачката, но персоналот од зоолошката забележал дека со тек на време тие се навикнале на мачешката мајчинска грижа, па станале едно големо среќно семејство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…