Маче со протетски човечки раце стана интернет сензација


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мачето кое на фотографиите изгледа како да има протетски човечки раце наместо мачешки шепи, ги освои срцата на интернет корисниците на Твитер кои масовно ги споделуваат фотките со истото.

Како што пишува Daily Mail, станува збор за сиво-бело маче кое е позиционирано на фотографиите да изгледа така како да има човечки раце наместо шепи.

Многу Твитерџии ги споделија фотографиите од мачето, со што ја направија славна и неговата сопственичка, која напиша дека знале оти мачето ќе ја направи светски популарна.

Објавата на Ема е споделена над 115.000 пати и има над 160. 000 допаѓања.

Сепак, корисниците на социјалните мрежи се поделени во ставовите, додека едни сметаат дека мачето со човечки раце е симпатичн, други фотките ги сметаат за бизарни.