Home Актуелно Лупевска: Газдата Гечев побарал од Телма да не се емитува спорниот прилог во „Код“

Лупевска: Газдата Гечев побарал од Телма да не се емитува спорниот прилог во „Код“

Во вчерашното издание на емисијата „КОД“ со Снежана Лупевска-Созен, не се емитуваше прилогот за двајца работници од кои едниот починал, а другиот ги изгубил двете раце во иста фабрика во Кавадарци.

Лупевска-Созен, во изјава за „Слободен печат“ вели дека поради притисоци од сопственикот на фабриката не се емитувал прилогот.

„Уште кога му баравме изјава на сопственикот на фабриката, Илија Гечев, тој ни се закани дека ќе побара од Телма да не се емитува прилогот“ – ни изјави Лупевска.

Лупеска вели дека до сега во емисијата „КОД“ никогаш не и се случило да биде изваден прилог.

Илија Гечев е сопственик на компанијата ИГМ-Трејд каде се случиле несреќите на двајцата работници за кои беше наменет прилогот во емисијата „КОД“. Компанијата се занимава со производство на заварени цефки и профили.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…