Лудило во црквата: На венчавката во венчаница му се појави и љубовницата (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интимната венчавка на еден млад брачен пар во јужноафриканскиот град Бенонија немаше да биде ништо посебно да не се случеше овој несекојдневен момент кој од венчалната церемонија направи веста која стигна до светските медиуми.

Свадбата се одвивала во добро смислен план, а младенците уживале се додека изненадно не се појавила љубовницата на младоженецот. Она што ги запрепрасти сите е фактот што таа во црквата се појавила облечена во бела венчаница.

Моментот кога анонимната жена влетала во црква е забележана со камера од дел од присутните, па на снимката се гледа младоженецот кој се обидува да ја смири тензијата за церемонијата да може да се заврши до крај.

Сепак, присутните гости се вознемириле, некои и врескаа, што се слуша и на снимката која на Твитер ја објави музичкиот продуцент од Јоханесбург, DJ Nkokhi.