
Сопругот на Вања Мијатовиќ од кого се разведува по две години
Пејачката Вања Мијатовиќ за домашните медиуми потврди дека се разведува. Сопругот на Вања Мијатовиќ, згодниот Александар, беше нејзино сигурно пристаниште две години, но љубовта заврши.
Како што самата откри, нејзиниот сопруг е агент за недвижности, а токму така и се запознале:
– Се запознавме кога купував свој стан, а тој работи сè што е поврзано со станови, па затоа ја ангажирав неговата фирма да ми го среди целиот процес. Дури добив и попуст од него! Првин не знаев, потоа ми призна дека ми дал попуст и дека намерно ги одложувал работите за да ме гледа почесто. Но, сè договоривме бргу и се одвиваше како што треба. Така се запознавме.
– Се дружевме, заедно разгледувавме работи за станот… Не се лутам што ми наплати за услугите, никогаш не би дозволила да биде поинаку, бидејќи тогаш не бевме во врска. А и да бевме, тоа би било бесмислено. Сега ми подарува нешто друго, сега приказната е поинаква, сме заедно. Дури и тогаш ми подаруваше мали нешта, но тоа го дознав подоцна.
Вања и Александар се венчаа пред две и пол години во еден луксузен белградски ресторан, а свадбата ја платија неверојатни 30.000 евра. Сега се разведуваат, а пејачката накратко се огласи на таа тема:
– Вистина е дека се разведуваме, одлуката ја донесовме заеднички. Ова за мене е тежок период и не би навлегувала во детали. – изјави накратко Вања Мијатовиќ.
Од друга страна, извор близок до парот откри дека до развод дошло поради големите разлики меѓу нив:
– Нивната љубов започна спонтано. Се запознаа кога Вања ја ангажираше фирмата на Александар за средување на станот, а љубовта се роди на прв поглед. Потоа започнаа врска, па се венчаа. Но, наскоро сè се промени. Разликите меѓу нив станаа преголеми и не можеа да ги надминат несогласувањата. – сподели за Информер извор близок до парот.