
Љути ривалки на Песна за Евровизија: Мими Мерцедез по пласманот во финале ѝ се обрати на Маја Николиќ
Мими Мерцедез и Маја Николиќ настапија во втората полуфинална вечер на ПЗЕ, но додека Маја не успеа да се пласира во финалето, Мими го направи тоа и го прослави успехот со својот емотивен партнер.
На прашањето дали е изненадена што Маја Николиќ не помина во финалето, Мими кусо одговори:
– Слави срце мое, славиќе и твоје – што многумина го протолкуваа како духовит коментар, но и како ликување, имајќи предвид дека таа и Маја Николиќ беа во ривалство уште од почетокот на промоцијата на песните.
Да потсетиме, судирот меѓу Мими Мерцедез и Маја Николиќ започна за време на нивното гостување во една емисија:
– Мислам искрено дека Маја и јас сме тука најголеми ривали и дека сме најголема конкуренција една на друга – изјави тогаш Мими, а Маја веднаш имаше подготвен одговор.
– Не сме, Мими и јас не можеме да бидеме ривали затоа што јас сум ѕвезда. Душо, можам да те родам, јас сум ѕвезда 32 години. Јас немам ривал ниту конкуренција. Прво, пеам различна музика од сите вас, второ, можев да те родам, мојот син има 28 години. Трето, секој има своја песна и треба да победи националната песна со српски мотиви, сè она што е наш бренд – изјави Маја во емисијата Ѕвезди на Гранд Специјал.