Лицето кое вчера изваде пиштол на протестирачите е активист на Алијанса и работел на кампањата од ВМРО-ДПМНЕ на локалните


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчерашниот инцидентот меѓу активистите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи, обвинува ДУИ по инцидентот во близина на плоштадот „Скендербег’.

„Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на „Комунална Хигиена“ во Скопје“. велат од ДУИ.

Од ДУИ велат дека тие ги осудуваат инцидентите , кои според партијата се антиевропски и поттикнати од проруски елементи во општеството. Од партијата повикуваат на смиреност и непоттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.

„Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа“ соопшти ДУИ.

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски обвини фотографија од човек со пиштол за кој тврди дека се обидел да го убие.