Home Актуелно Лидерот на ИСИС ал-Багдади убиен во Сирија, се чека обраќање на Трамп

Лидерот на ИСИС ал-Багдади убиен во Сирија, се чека обраќање на Трамп

Во американска воена акција во Сирија најверојатно е убиен лидерот на Исламска Држава, Абу Бакр ал-Багдади, објавија светските медиуми, во пресрет на обраќањето до нацијата што го најави претседателот на САД Доналд Трамп.

Оваа информација прв ја објави „Њузвик“, додека Си-ен-ен објави дека ал-Багдади бил убиен во Северозападна Сирија за време на американската мисија, во која биле вклучени хеликоптери, воени авиони и беспилотни летала.

Додека се уште се чека официјална потврда по завршување на биометриските и ДНК анализите, иранската државна телевизија соопшти дека денеска ќе емитува снимка од американскиот напад во Сирија во кој е убиен лидерот на Исламска држава, кој последен пат беше виден во 2014 година, кога зборуваше во Големата џамија во Мосул.

Во меѓувреме, и Мазлум Абди, командант на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, објави твит за „успешната, историска операција како резултат на заедничката разузнавачка работа со САД“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…