Home Актуелно Лидерката на австралиската десница ја шокираше јавноста – облече бурка во Сенатот

Лидерката на австралиската десница ја шокираше јавноста – облече бурка во Сенатот

Лидерот на австралиската екстремно десничарска партија „Една нација“(One Nation), сенаторката Полин Хансон, во текот на седницата на на националниот Сенат облече и носеше бурка, јави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Таа тоа го сторила со желба да покаже дека носењето таква облека, како верско обележје, носи безбедносни ризици и дека треба да биде забрането, пренесува АлсатМ.

Државниот обвинител и министер во австралиската Влада, Џорџ Брендис, го осуди ваквиот потег на Хансен, упатувајќи и „совет и предупредување“ дека со тоа ги навредува верските групи.

Неговиот коментар, како што наведе Би-Би-Си, наиде на аплауз од опозицијата.

-Не, сенаторке Хансон, нема да ја забраниме бурката, додаде Брендис.

Сенаторката Хансон во соопштение наведе дека „потребата од забрана на целосното покривање на лицето во јавноста е важно прашање со кое е соочена модерна Австралија“.

За нејизното залагање да се забрани носењето бурка денеска попладне ќе се расправа во Сенатот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…